https://www.facebook.com/photo.php?fbid=717950593029187&set=pb.100044427579784.-2207520000.&type=3

07.12.2023 Скопје

Претседателот Стево Пендаровски изјави дека ниту еден нормален човек не може да размислува за избори „во вакви трагични времиња“, откако претходно изјави дека не планира да се кандидира за нов претседателски мандат.

„Не знам кој нормален човек или политичар може да размислува за влада, избори или мандати во вакви трагични времиња. Изборите се закажани за мај следната година и после Нова година имаме доволно време да размислиме за овие работи“, рече Пендаровски.

Претходно по форумот за антикорупциски мерки рече дека не планира повторно да се кандидира за претседател на изборите закажани за 8 мај следната година.

Пендаровски беше избран за петти претседател на Северна Македонија на 12 мај 2019 година.

Претходните денови државата ја потресе веста за киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорѓевска.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски соопшти дека се уапсени петмина осомничени во случајот.

Подготвено од М.Д.

About Author