11.12.2023 Скопје
Пратениците во полскиот парламент му изгласаа недоверба на полскиот премиер Матеуш Моравјецки, со што се отвора патот за широка коалиција на проевропски партии предводена од Доналд Туск да ја преземе власта во земјата.
Од вкупно 456 пратеници, 266 се изјаснија дека немаат доверба во Моравјецки, кој на гласањето го поддржаа 190 пратеници.
Гласањето стави крај на осумгодишното владеење на националистичката партија Право и Правда (ПиС), за која критичарите велат дека ја поткопа независноста на судството, ги претвори државните медиуми во пропагандни портали и ги поттикна предрасудите кон малцинствата како што се имигрантите и членовите на ЛГБТ заедницата. .
Туск, кој е поранешен претседател на Европскиот совет, вети дека ќе ги поправи односите со Брисел и ќе ги деблокира милијардите евра наменети за Варшава, но се повлече поради загриженоста на ЕУ за состојбата на владеењето на правото во Полска.
Подготвено од А.Ѓ.