https://www.facebook.com/photo/?fbid=564964218966331&set=pb.100063582736486.-2207520000.

04.12.2023 Скопје

На лидерската средба политичките партии застапени во Собранието договорија парламентарните избори да се одржат на 8 мај и да бидат заедно со вториот круг на претседателските избори.

Првиот круг на претседателските избори ќе биде на 24 април.

Премиерот Димитар Ковачевски во изјавата по лидерската средба истакна дека овие датуми се договорени имајќи ги предвид законските рокови и верските празници кои се во овој период.

„Конечно, после 17 години ќе имаме редовни парламентарни избори, а тоа говори за добрите владини политики“, рече премиерот Ковачевски.

Ковачевски истакна дека 100 дена пред избори или на 28 јануари ќе се формира техничка влада и дека ќе биде испочитуван договорот премиерот да биде од редовите на ДУИ.

Подготвено од М.Д.

About Author