19.12.2023 Скопје
Папата Франциско официјално одобри свештениците да благословуваат истополови парови.
Ова се наведува во документот објавен од Ватикан во понеделникот, во кој оваа радикална промена во Католичката црква, како што е наречена „АП“, се објаснува со зборовите дека луѓето кои бараат Божја милост и љубов не треба да подлежат на „исцрпна морална анализа“.
Документот всушност дополнително ја објаснува содржината на писмото што Папата го испрати до двајца конзервативни кардинали, кое беше објавено уште во октомври. Во тоа писмо Папата сугерираше дека таквите благослови може да се дадат во одредени околности, ако во исто време е апсолутно јасно дека ритуалот нема никаква врска со бракот.
Новиот документ го повторува аргументот на Фрања и дополнително го објаснува, прво со јасно потврдување дека бракот е доживотна тајна меѓу маж и жена. Исто така, јасно е наведено дека благословот не смее да се дава истовремено со склучувањето на граѓански брак и/или партнерство, ниту во околности кога е јасно дека облеката и гестовите на собраните укажуваат дека се работи за свадба.
Но, се наведува дека таквиот благослов не смее априори да се одбие.
„На крајот на краиштата, благословот обезбедува начин луѓето да ја зголемат својата вера и доверба во Бога. Затоа, барањето за благослов изразува и негува отвореност кон трансценденталноста, благодатта и Божјата близина во илјада конкретни животни ситуации, што не е мала работа во денешниот свет“, истакна Папата Франциско.
Подготвено од А.Ѓ.