25.12.2023 Скопје
Во својата проповед за време на божиќната миса во базиликата Свети Петар, Папата Франциско истакна дека срцата на сите верници се во Витлеем, каде што Исус уште еднаш бил отфрлен од залудна логика на војна со употреба на оружје, која дури и денес го спречува да најде место во светот.
Папата се молеше љубовта да ја промени историјата и дека силата на Христовата љубов ќе ги победи моќите на светот.
„Бог не ја елиминира неправдата одозгора покажувајќи моќ, туку покажувајќи љубов, спуштајќи се во тесните рамки на човечките животи“, истакна Папата.
Тој потсети на Евангелието според Лука, во кое се истакнува контрастот меѓу потрагата по световна моќ и слава, која сè мери со успех, резултати, бројки и Исус, кој е алтернатива на таквата потрага.
Папата ги повика верниците „да ги држат очите вперени во живиот и вистински Бог“.
Подготвено од А.Ѓ.