14.12.2023 Скопје
Приказната на хуманитарната организација „Свети Спас“со помош и одобрување од отец Оливер, но и со Божја помош трае веќе 8 години и се повеќе и повеќе станува реалност за многу социјално загрозени лица.
Оваа значајна мисија продолжува и понатаму со благослов од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан со многу мали средства, но со многу љубов и милосрдие од многу хумани граѓани и организации кои и подале рака на оваа хуманитарна организација се со цел сиромашните граѓани да добијат оброк во текот на денот, но и финансиска помош .
На оваа идеја од минатата година се приклучи и црквата „Свети апостоли Петар и Павле“ во Горно Лисиче со отворање на црковно-народна кујна во која се приготвуваат 70 000 оброци годишно, а потоа таа храна се доставува на 6 различни пунктови меѓу кои и неодамна отворените во парохиите во Автокоманда и Бутел.
Од хуманитарната организација нагласуваат дека гладта и сиромаштијата се се поприсутни меѓу граѓаните и дека оваа војна против ова зло мора да продолжи и им благодарат на сите граѓани и институци на поддршката.
Подготвено од М.Д.