04.12.2023 Скопје
По повод трагичната смрт на 14-годишната Вања Ѓорчевска, ученичка во IX одделение во основното општинско училиште „Јохан Хајнрих – Песталоци“, Општина Центар со препорака до сите јавни и угостителски објекти на територија на општината во следните два дена да ја прилагодат музиката.
Во соопштението од Општина Центар се наведува дека Општина Центар и градоначалникот изразуваат сочувство за трагичниот настан во кој животот го загубија 14-годишната ученичка Вања и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.
Вања Ѓорчевска беше пријавена за исчезната во понеделникот (27. ноември), а нејзиното безживотно тело беше пронајдено вчера во близина на Скопје.
Подготвено од М.Д.