ekonomija svet

09.12.2023 Скопје

Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал соопшти дека бројот на намерни убиства ширум светот се искачил на рекордно високо ниво во 2021 година, делумно поради стресот и притисокот врз економијата поради Ковид-19.

Податоците од глобалното истражување за убиства на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал покажуваат дека околу 458 илјади луѓе биле убиени намерно во 2021 година, а од 400 илјади до најмногу 450 илјади биле регистрирани секоја година.

Истражувачите почнале да собираат податоци во 2000 година.

Во извештајот се наведува дека значајниот скок на убиства во 2021 година може делумно да се должи на економските ефекти од ограничувањата поврзани со Ковид-19. Додека пак, на подолг рок, негативните социјални и економски последици од домашно затворање, кои можат да вклучуваат зголемен стрес и анксиозност, невработеност или губење на приход, може да се очекува да влијаат на трендовите на убиства преку создавање на средина на „тензија“ што ги тера луѓето да сторат кривични дела.

Севкупно, земјите во Америка продолжуваат да имаат највисоки стапки на убиства меѓу петте глобални региони – повеќе од шест пати поголема од стапката на убиства во  Европа, која е најниска.

Во 2021 година, осум од десетте земји со највисока стапка на убиства биле во Латинска Америка и на Карибите, се вели во извештајот, наведувајќи фактори како што се криминалните групи кои се борат за контрола на пазарите, слабото владеење на правото и социјалната нееднаквост, се додава во извештајот.

Меѓу оние со највисока стапна на убиства се Хондурас, Јамајка, Тринидад и Тобаго и Мексико. Двете земји во топ 10 надвор од Латинска Америка и Карибите се Мјанмар и Јужна Африка.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author