19.12.2023 Скопје
По формирањето на техничката влада која се планира да се случи за околу еден месец, државните институции, јавните претпријатија и министерствата побрзаа со огласи за вработување, кои по формирањето на техничката влада веќе нема да бидат можни.
Агенцијата за администрација на својата интернет страна објави над 80 огласи за вработување во кои се бараат административци.
Само државната компанија ЕСМ во моментов побарува повеќе од 500 лица. Во огласите се бараат работници од различни профили меѓу кои најбарани се инжинери, сметководители, електричари, хигиеничари, хаус мајстори, готвачи и друго каде што се нудат плати од 30.000 па се до 60.000 денари во зависност од позицијата.
Фондот за здравство пак побарува 41 работник за 36 позиции, Министерството за надворешни работи ќе вработи 15 работници, транспорт и врски 9 работници, МИОА ќе вработи 8 луѓе, а ќе има нови вработувања и во Општата болница во Велес.
Оваа појава на масовни вработувања во јавниот сектор пред избори, сведоци сме дека се случуваат години наназад. Овие вработувања ќе ги има и пред следните избори и тоа дури до јануари за кога ќе треба да се избере техничка влада, каде според законот нема да биде дозволено вработување во јавната администрација.
Подготвено од М.Д.