blinken armija

19.12.2023 Скопје 

„Global Firepower“, познат портал кој се занимава со анализа на армиите на земјите ширум светот, го објави најновото рангирање на најмоќните вооружени сили во 2023 година.

На листата има 145 земји, рангирани според нивната воена моќ, а при креирањето на листата биле земени предвид различни фактори, како што се степенот на софистицираност на воената опрема, нејзините финансии, географија и ресурси.

Рангирањето ги зема предвид и факторите како што се количината на воена опрема и војници што секоја земја ги има, како и нивната финансиска положба, географија и расположливите ресурси.

Сепак, неопходно е да се наведе дека списокот е направен врз основа на конвенционално оружје, додека нуклеарните капацитети не се земени како одлучувачки фактор.

„Global Firepower“ користи повеќе од 60 фактори за генерирање податоци.

Но, има и воени аналитичари кои сметаат дека оваа листа не е целосно реална, односно дека не ги отсликува целосно реалните воени капацитети и моќ на рангираните земји.

На пример, Алекс Кочаров, аналитичар за ризик во S&P Global Market Intelligence, рече дека списокот што е создаден всушност е одраз на „перцепцијата, а не на реалната слика“, бидејќи многу информации не се достапни за независно да се проверат во врска со составување на списокот.

Исто така, д-р Метју Форд, поранешен соработник во Вест Поинт и вонреден професор на Шведскиот универзитет за одбрана, изрази сличен став. Во податоците, рече тој, недостасуваат фактори како што се обуката и образованието на војската, нејзините разузнавачки напади или ефективноста на нејзината командна структура.

„Многу од овие работи се тешки параметри за квантифицирање затоа што веројатно им се познати на воените планери во овие конкретни земји, но не мора да им се познати на надворешните набљудувачи“, рече тој.

Според листата на најмоќни армии во 2023 година, сосема очекувано на прво место се САД, а потоа следат Русија, Кина, Индија, Велика Британија, Јужна Кореја, Пакистан, Јапонија, Франција, Италија, Турција, Бразил, Индонезија, Египет, Украина, Австралија, Иран, Израел, Виетнам, Полска, Шпанија, Саудиска Арабија, Тајван, Тајланд и Германија.

Тоа е листата на 25 најмоќни.

Што се однесува до Армијата на Србија, таа беше рангирана на 58. место и беше оценета како земја која ја подобрува својата позиција на оваа листа на најмоќни армии во светот. На пример, во 2017 година во тогашниот извештај „Global firepower“ Србија беше само на 83 место, а Хрватска на 68 место.

Србија ја остави зад себе, ако ги погледнеме земјите од регионот, Бугарија – 59, Хрватска која е само на 69 место и е оценета како земја која си ја расипува позицијата, но и Словенија која е на 86 место.

Црна Гора е само на 128. место, а БиХ на 133. место. Додека пак, Република Северна Македонија е на 108. место.

Кога станува збор за регионот, повисоко место имаат само Романија која е на 47. место и Унгарија на 54. место, односно посилна армија од Србија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author