medziti

01.12.2023 Скопје

Министерот за здравство Фатмир Меџити на работната средба во Обединетото Кралство оствари средба со министерот за извоз, Одделот за бизнис и трговија, Лорд Малколм Офорд од Гаруели, на која изразија подготвеност да го поддржат финансирањето на проектот за изградба на новиот Универзитетски клинички центар.

Министерството за здравство соопшти дека на средбата министерот Меџити ја поздравил континуираната поддршка што Република Северна Македонија ја добива од Обединетото Кралство, кое е втор најголем економски партнер на нашата земја.

Во соопштението се наведува дека на средбата се разговарало за имплементација и унапредување на извозната стратегија во здравствениот сектор и обезбедување на странски директни инвестиции, како дел од надлежностите на министерот за извоз на ОК.

Подготвено од М.Д.

About Author