25.12.2023 Скопје
Во традиционалната предновогодишна акција, ОКТА ја продолжи акцијата за донирање на пакетчиња за учениците од основните училишта кои се наоѓаат во непосредна близина на седиштето на компанијата во општина Илинден.
Покрај новогодишни пакетчиња, компанијата донираше и телевизори за централното општинско училиште „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци, како и во двете подрачни училишта во селата Мршевци и Текија во општина Илинден, се со цел, унапредување на образовниот процес и поефикасно следење на наставата.
Ова е јубилејна година за компанијата ОКТА, во која се реализирани повеќе општествено одговорни проекти во образовниот систем на Република Северна Македонија, и оваа 2023 година ја завршуваме со донација која треба да овозможи поголема интерактивност со учениците, но и подобро изведување на наставата.
Оваа донација е уште еден доказ плус за долгорочно партнерство со жителите но и придонес кон повесела празнична атмосфера со доделување на пакетчиња за најмладите ученици, кажа во своето обраќање Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност и комуникации на компанијата ОКТА.
Подготвено од М.Д.