12.12.2023 Скопје
Орце Ѓорѓиевски, градоначалникот на општина Кисела Вода, најави изградба на ново основно училиште и нова детска градинка во Кисела Вода.
На својот Фејсбук профил, Ѓорѓиевски напиша дека се прифатени амандманите во Собранието за одобрување на финансиски средства во висина од 140 милиони денари, од кои – 80 милиони за изградба на ново основно училиште ,,Климент Охридски” во с. Драчево и 60 милиони денари за реализација на проектот за изградба на нова детска градинка ,,8 Март” во населбата Расадник.
Според него, со овие два капитални проекти учениците ќе имаат нова и модерна училишна зграда, а за дечињата во предучилишната возраст нова современа градинка каде горливиот проблем за чекање за упис на градинките ќе го снема, а Кисела Вода ќе биде општина која ќе има слободни места во градинките.
Подготвено од М.Д.