klupaa

15.12.2023 Скопје

Годинава во Буџетот на Градот Нови Сад се издвоени 192 милиони динари за поставување на 1.000 клупи и 1.000 корпи на територијата на Градот и приградските населби. Голема инвестиција која произлезе токму од барањата на граѓаните на Нови Сад.

Работите започнаа на крајот на јуни годинава и досега се поставени 532 клупи и 453 корпи во повеќе од 20 месни заедници. Се уште се работи, активностите ќе продолжат и во 2024 година, се додека визуелниот идентитет на секоја месна заедница не се збогати со нови елементи на урбан мебел.

Изборот на локациите каде што се поставуваат клупите и корпите е направен земајќи ги предвид потребите и барањата на самите жители – до објекти од општ социјален стандард, автобуски постојки, во области за спорт и рекреација, во непосредна близина на училишта и предучилишни установи, како и други области за јавна употреба, шеталиште, блок области и други микролокации кои се гравитирачки зони на ангажирано слободно време и одмор.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author