29.12.2023 Скопје
Анализите за висината на минималната синдикална кошничка ги изработија двајца поранешни министри за финансии, Никола Поповски и Драган Тевдовски, кои сумата ја позиционираат на 56.522 денари. Со овие средства четиричлено семејство едвај ќе преживее и тоа трошејќи исклучиво на најнеопходните работи, без никаков луксуз и без можност да тргнат барем еден денар на страна како заштеда.
Пресметките покажуваат дека со две минимални плати се покриваат само 71,4 отсто од минималната кошничка додека една просечна плата покрива само 69,9 отсто.
Мора да се напомене дека сумата од 56 илјади денари е доколку четиричленото семејство поседува свој стан, а доколку живее под кирија минималната кошница тежи 71.972 денари.
Попоски нагласи дека методологијата користена за изработка овозможува ССМ секој месец да прави нова пресметка бидејќи се користени податоци и сајтови кои се ажурираат на дневна база и овозможуваат реална слика.
Подготвено од М.Д.