22.12.2023 Скопје
Економскиот институт „Ифо“ објави дека стоката за германските потрошувачи најверојатно нема наскоро да поевтини бидејќи се повеќе компании планираат да ги зголемат цените на своите производи.
Според анализата на „Ифо“, очекувањата за цените повторно пораснале во декември на 19,7 поени, од 18,1 поени во ноември. Претходниот минимум беше во август кога салдото беше 14,5.
Економистите очекуваат значително зголемување на цените во услужните дејности. Пред се, има намера значително да се зголемат цените во угостителството, велат од „Ифо“.
Во таа економска гранка индексот се зголеми од 45,9 на 87,6 поени.
Улога ќе има и враќањето на редовната стапка на данокот на додадена вредност (ДДВ) од 1 јануари, од која извесно време беа поштедени рестораните.
Но, и трговците планираат повторно да ги зголемат цените.
Поените во индексот на очекуваните движења на цените се изведени од учеството на компаниите кои имаат намера да ги зголемат цените. Оваа рамнотежа се добива со одземање од процентот на компании кои планираат да ги зголемат цените на учеството на оние кои имаат намера да ги намалат цените.
Пониските цени на енергенсите во ноември ја турнаа инфлацијата на најниско ниво од јуни 2021 година. Потрошувачките цени или стапката на инфлација беа за 3,2 отсто повисоки отколку во истиот месец минатата година.
Според проценките на многу економисти, инфлацијата би можела повторно да порасне до четири проценти во декември. Лани еднаш во декември државата ги презеде трошоците на граѓаните за гас и парно.
Сега нема ништо што би можело да влијае на стапката на инфлација.
Подготвено од А.Ѓ.