fatmir

27.12.2023 Скопје 

Министерот за здравство Фатмир Меџити најави нови десет, но и повеќе лекови на позитивната листа.

На брифингот со новинари, министерот кажа дека во Министерството за здравство е вложено доста работа и труд, за да веќе вработените здравствени работници кои работат во здравството, добијат трајно вработување. Тој притоа додаде дека се чека конечен одговор до петок, до кога треба да се усогласат Министерството за финансии и Фондот за здравство.

Во врска со загадениот воздух, тој рече дека како и секаде во светот, Министерството за здравство повикува на превентивни мерки а од наредната година, повтори оти многу динамично ќе се пристапи и со ригорозни мерки, заедно со други министерства и институции.

Министерот притоа најави и нови ригорозни мерки за загадувачите, но и нови мерки во делот на пушењето во јавни објекти, кои ќе бидат суспендирани од работното место.

Според него, пушењето не е зависност, туку лоша навика. Најави најстроги санкции за сите, особено за здравствените работници кои нема да го почитуваат законот. Но, пред да се казнува, ќе се апелира на штетноста од пушењето, бидејќи, како што истакна министерот, секоја лоша навика може да доведе до болест од која, можеби, нема да има спас.

Подготвено од М.Д.

 

About Author