marko beslimovski

26.12.2023 Скопје

Регулаторната комисија денес треба да ја соопшти новата цена на електричната енергија, по разгледување на предлогот на ЕВН, Регулаторна треба да донесе одлука дали ќе го прифати или одбие предлогот од ЕВН Хоум, за нова цена на струјата.

Доколку пак не биде прифатена предлогот повторно ќе биде вратен до ЕВН. Според предлог одлуките на Комисијата, цената на услугата на Електродистрибуција се зголемува за 13,37 отсто, на Мепсо за 13, 37 проценти и на Мемо за речиси 36 отсто, но ова енергетско тело има најмало учество во крајната цена за домаќинствата и малите потрошувачи.

Од друга страна според информациите во сметките ќе има намалување на мрежарината, на сметка на нова ставка, пристап до мрежа, која ќе ја плаќаат лицата кои поседуваат празни викендици, куќи, станови. ЕСМ пак од јануари својата струја на ЕВН ХОУМ ќе му ја продава по 57 евра за мегават час или 7, 5 отсто поскапо од претходно.

Подготвено од М.Д.

About Author