14.12.2023 Скопје
Голем дел од Европските пензионери, најголем број од Франција, Германија и Холандија, се повеќе се заинтересирани за купување на недвижности и преселба во Република Северна Македонија поради ниските трошоци за живот.
Од Агенциите за недвижности објаснуваат дека се зголемува бројот на пензионери од развиените европски земји кои се почесто се заинтересирани за купување или изнајмување на недвижности во Скопје, Охрид, но и други градови. Тие објаснуваат дека оваа појава е затоа што тие не можат да опстанат во своите матични земји поради високите трошоци за живот со своите ниски месечни примања, па затоа ја одбираат Република Северна Македонија како дестинација да ги поминат своите пензионерски денови. Тие нечесто се определуваат и за изнајмување на куќи или станови во кои живеат по неколку месеци од годината, а потоа се враќаат во својата матична земја.
Освен пензионерите од овие европски земји се почесто се случува и луѓе од други земји и континенти да се заинтересирани за живот во Република Северна Македонија, како што наведуваат самите тие, причините се многубројни меѓу кои се ниските трошоци за живот, богатото културно наследство, гостопримноста, топлината и љубезноста на луѓето.
Благодарение на овие добри и позитивни особини на Република Северна Македонија, но и на народот што живее тука, „Евростат“ ја рангираше Република Северна Македонија за најефтина и најдобра земја за живот во цела Европа.
Подготвено од М.Д.