01.12.2023 Скопје
Невработеноста во Германија благо порасна на 5,9 отсто во ноември од 5,8 отсто во октомври, објави германската Федерална канцеларија за труд.
Бројот на невработени во Германија се зголемил за 22.000 лица, на вкупно 2,702 милиони луѓе, се наведува на веб-страницата на организацијата.
На годишна основа, бројот на невработени е зголемен за 175.000 во однос на ноември 2022 година.
Највисоки стапки на невработеност сè уште се присутни во сојузните покраини Берлин и Бремен, а најниски во Баден-Виртемберг и Баварија.
Во ноември во Германија имало 733.000 слободни работни места, 90.000 помалку од истиот месец минатата година.
Подготвено од А.Ѓ.