https://twitter.com/eucopresident/status/1511603351812775940/photo/1

15.12.2023 Скопје

Според изјавата на Европскиот совет објавена по самитот во Брисел, неопходни се ракети друга воена опрема за Киев, како и системи за противвоздушна одбрана.

Европскиот совет ја нагласува итната потреба да се забрза испораката на ракети и муниција, особено како дел од иницијативата за еден милион куршуми артилериска муниција и да се обезбеди Украина со повеќе системи за противвоздушна одбрана.

Освен тоа, лидерите на 27-те земји-членки на Унијата побараа од Советот на министри на ЕУ да ги зголеми средствата за Европскиот фонд за мир, кој ја финансира воената помош за Украина.

„Европскиот совет го повикува Советот на ЕУ да ја интензивира работата за реформирање на Европскиот фонд за мир и дополнително зголемување на неговото финансирање“, се вели во соопштението.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author