21.12.2023 Скопје
Небојша Родиќ е именуван за амбасадор во Црна Гора со указ на претседателот на Србија, објавено е во Службен весник на Србија.
Како што се додава, уредбата влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник на Република Србија.
Небојша Родиќ е роден во Шабац во 1953 година. Тој е поранешен министер за одбрана на Србија во Владата на Ивица Дачиќ и актуелен амбасадор на Србија во Виена, а од 2014 до 2018 година беше амбасадор во Азербејџан.
Родиќ е постојано вработен во Министерството за надворешни работи на Србија, со звање амбасадор од 2000 година. Работел и како помошник министер за информации, а потоа и државен потсекретар.
Подготвено од А.Ѓ.