04.12.2023 Скопје
Пентагон соопшти дека е запознаен со извештаите дека американски воен брод и неколку комерцијални бродови биле нападнати во Црвеното Море.
„Свесни сме за извештаите за напади на USS Carney и комерцијални бродови во Црвеното Море и ќе обезбедиме информации кога ќе станат достапни“, се додава во соопштението на Пентагон.
Нападот се случи набргу откако Британците објавија дека непознат дрон го нападнал нивниот брод, исто така во Црвеното Море.
Тоа доаѓа откако британската Агенција за поморски трговски операции соопшти дека примила извештаи за напад со дрон во теснецот Баб ал-Мандаб во Црвеното Море.
Претходно беше пријавена активност на беспилотни летала со потекло од Јемен, како и можна експлозија, а бродовите во областа беа повикани да бидат внимателни.
По избивањето на војната меѓу Израел и Хамас, забележани се серија напади во водите на Блискиот Исток.
Минатиот месец милитантите Хути запленија товарен брод поврзан со Израел.
Групата е сојузник на Иран и го контролира поголемиот дел од брегот на Црвеното Море на Јемен. Таа претходно истрела балистички ракети и вооружени беспилотни летала кон Израел и вети дека ќе гаѓа повеќе израелски бродови.
Подготвено од А.Ѓ.