26.12.2023 Скопје
По нападот на Хутите врз трговските бродови во текот на минатата недела, неколку бродски компании одлучија да го прекинат транспортот преку Црвеното Море.
Прекинот на транспортот преку Црвеното Море предизвика зголемување на цената на суровата нафта.
Според анализите на нафтениот пазар, минатата недела испораките на нафта во Црвеното Море паднаа за повеќе од 40 отсто во однос на почетокот на месецот.
Според аналитичарите, прекинот на транспортот преку Црвеното Море и Суецкиот канал не може да го загрози снабдувањето на пазарот, со што ќе се избере нов логистички канал, кој е подолг и со самото тоа и поскап, но нафтата и течниот природен гас ќе има доволно.
Генералниот секретар на Здружението на нафтените компании на Србија, Томислав Миќовиќ, посочи дека пред една година 14,4 отсто од нафтата доаѓала од Русија, додека сега 3,9 отсто од таа енергија доаѓа од Русија во Европа.
„Доминантни добавувачи на Европа со највисоки проценки се САД, Норвешка, Казахстан. Казахстан е многу интересен, не му треба Суецкиот канал, ниту транспорт со бродови. Тие превезуваат најголем дел од нивната нафта, што е 8,2 отсто од вкупниот европски увоз, преку нафтоводот ‘Компани’ низ Русија“, рече Миќовиќ.
Ирак и Саудиска Арабија само имаат потреба од транспортот преку Суецкиот канал и покрај различните предизвици сигурно нема да има закана за снабдување.
Пет земји-членки на ЕУ – Хрватска, Чешка, Словачка, Унгарија и Бугарија – се изземени од бриселското ембарго за руската нафта. Бугарија одлучи да го укине тоа ослободување од 1 март.
Подготвено од А.Ѓ.