04.12.2023 Скопје
Температури под минус 50 Целзиусови степени се измерени денеска во три региони на Јакутија во источен Сибир, соопшти хидрометеоролошката служба.
Минус 53 е измерен во Верхојанск, а минус 52 во Ојмјакон.
Јакутија е територијално најголемиот конститутивен ентитет на Руската Федерација со статус на република и ја зазема целата област на Источен Сибир.
Главниот град Јакутск е најстудениот од сите поголеми градови во светот во зима, а Ојмјакон е познат како најстуденото населено место на Земјата.
Подготвено од А.Ѓ.