15.12.2023 Скопје
Снежна бура зафати делови од Русија, создавајќи хаос на патиштата поради силните ветрови и снежните наноси.
Москва ја зафати вистинско невреме со најобилните снежни врнежи во последните 60 години, велат метеоролозите.
Повеќе од една петтина од просечните снежни врнежи во декември беа забележани во изминатите 24 часа на метеоролошките станици низ Москва, со улици покриени со снег и возачи се обидуваат да ги извадат своите автомобили од паркинг местата.
Метеоролозите сметаат дека вкупната количина на декемвриски снег во Москва би можела да достигне 50 сантиметри, што е најмногу регистрирано за овој месец.
Училиштата во некои региони на европскиот дел на Русија се затворени поради снежни врнежи. Огромен сообраќаен метеж од 10 километри е создаден во текот на ноќта на еден од главните патишта во Русија – М4 – на југ, „заробувајќи“ возачи на ниската температура.
Moscow snow art pic.twitter.com/dQkmnxnmTc
— Beacon Of North 🇺🇳 (@BeaconOfNorth) December 12, 2023
Подготвено од А.Ѓ.