22.12.2023 Скопје
Чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан изјави дека во зградата на Универзитетот во Прага, каде што се случи престрелката, во која загинаа 15 лица, а 24 се ранети, е пронајдено големо количество оружје.
„Можевме да имаме десетици жртви доколку не беше брзата реакција на полицијата“, изјави Ракушан.
Началникот на прашката полиција Мартин Вондрашек вечерва изјави дека од 25-те ранети, 10 се во тешка состојба.
Според последните информации, за смртта на две лица минатата недела во шумата Клановички недалеку од Прага е одговорен и студентот напаѓач Давид Козак (24), кој немал полициско досие, а се претпоставува дека тој ги избрал жртвите по случаен избор.
Ваков бесмислен чин не е забележан во поновата историја на Чешка.
Подготвено од А.Ѓ.