14.12.2023 Скопје
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп не може да се повика на претседателскиот имунитет во тужбата за клевета што против него ја поднесе писателот Е.Џин Керол, кој го обвини за силување, одлучи денеска американскиот Апелационен суд.
Американскиот втор окружен апелационен суд во Менхетен ја потврди одлуката на федералниот судија да го отфрли барањето на Трамп за имунитет.
Во тужбата, Керол бараше отштета од најмалку 10 милиони долари од Трамп за изјавите што ги дал во јуни 2019 година додека тој беше претседател на Соединетите држави, откако таа прво јавно го обвини дека ја силувал во соблекувалната во стоковна куќа на Менхетен во средината на 1990-тите..
Трамп негираше дека ја познава Керол, рече дека таа не е негов „тип“ и дека тврдењето за силување го измислила за да ги промовира своите мемоари.
Керол, која работеше како колумнист за магазинот „Ел“, го обвини за силување во ноември 2019 година.
Во мај 2023 година, поротата го отфрли тоа тврдење, но го прогласи за виновен за сексуален напад и клевета, а на авторот му беа доделени пет милиони долари отштета.
Трамп потоа ја тужеше Керол за клевета, но тој процес го загуби на почетокот на август.
Подготвено од А.Ѓ.