https://www.flickr.com/photos/madsok/49626329806/in/photolist-2iBiUTY-2n3dA6x-6XtqW5-6XsKMU-4eqMvY-EtF81H-4wDTvp-5LDKai-2iKEtzi-5AdgWU-554hM6-XuHzrT-2mezBD1-kJhvek-2kXM5YJ-5TM5PM-4edWt6-qiJG51-dqPBe4-yvVeo-2n4DiA1-4edWnP-2nodm6w-2nEqUSt-gPD2rB-2QZdJ8-7KdmFU-GyRbH9-2i1X5J-2njQJ9Y-6o9z6c-2aFmxkF-H2EsQL-MQUMp-5GTFGU-mgqXW4-2n5Qyvt-2n77NvX-aMFidZ-2mYxkzA-2ijoqFy-2n3dE5n-9mmWFG-2cGHu8R-9A5RDT-9mMxQz-H46L9g-T2dg27-2ijnhca-676iB

21.12.2023 Скопје

Молдавија планира да го напушти Комонвелтот на независни држави (ЗНД), трговско-политичко тело поврзано со Русија, до крајот на следната година, изјави денеска висок молдавски функционер.

Шефот на парламентарната комисија за надворешна политика, Доина Герман изјави дека целта за спроведување на таа одлука е поставена на крајот на 2024 година, но дека „тоа не значи дека нема да има мали одложувања“.

„Сепак, речиси сите оценки на одделни министерства покажуваат дека сме во завршна фаза“, рече таа.

Соопштението следи по постепеното намалување на учеството на Молдавија во Комонвелтот на независни држави откако Русија ја нападна Украина.

Оттогаш, тензиите меѓу проевропската влада во Кишињев и официјална Москва постојано се зголемуваат, пред се поради поддршката на Молдавија за Украина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author