12.12.2023 Скопје
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави дека го има одобрено вториот преглед на кредитната програма за Украина, која овозможува исплата на 900 милиони долари.
„Извршниот одбор на ММФ денеска ги заврши консултациите во врска со членот 4 за 2023 година и го заврши вториот преглед на аранжманот за Украина. Завршувањето на вториот преглед им овозможува на властите веднаш да повлечат сума од околу 900 милиони американски долари“, се вели во соопштението.
Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, во Вашингтон ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти претходно Меѓународниот монетарен фонд.
Подготвено од А.Ѓ.