https://flickr.com/photos/vladamk/52194305772/

14.12.2023 Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека Брисел ги сака балканските земји во ЕУ и дека самитот со нивните лидери е можност да се потврди посветеноста на таа цел.

„Денеска е важен самит со партнери од Западен Балкан. Тоа е можност да ја потврдиме нашата цврста посветеност – ги сакаме тие земји во ЕУ. Очекуваме повеќе од нив, реформи, особено во областа на владеењето на правото и независноста на судството“, рече Мишел во пресрет на самитот.

Тој додаде дека ЕУ од своја страна „ќе си ја заврши домашната задача“ и затоа започна стратешка дебата на ниво на лидери за да се утврди кои реформи се неопходни за европскиот проект да биде подготвен за предизвиците што ќе ги надминат во иднина.

„Сакаме повеќе инвестиции, повеќе економски развој и затоа го воведовме принципот на постепена интеграција, за луѓето и компаниите што поскоро да ги почувствуваат позитивните ефекти од ангажманот со ЕУ“, рече Мишел.

Тој додаде дека ЕУ сака земјите од регионот да ги решат споровите и да го зголемат нивото на соработка меѓу нив.

„Знаете дека проектот на ЕУ се заснова на помирување – тоа е неопходен фундаментален чекор за понатамошен напредок“, заклучи Мишел.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author