21.12.2023 Скопје
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска (21.12.2023 година) е во работна посета на Oпштина Делчево.
Според агендата, министерката Костадиновска-Стојчевска ќе оствари средба со градоначалникот Горан Трајковски и ќе направи обиколка на делот од Спомен-домот на АСНОМ каде што се во тек последните активности од Проектот за реконструкција и санација на малата сала, поддржан од Програмата за капитални дотации во културата за единиците на локалната самоуправа.
На покана од ФГ „Копачка“, министерката за култура Костадиновска-Стојчевска во Делчево ќе присуствува и на свеченото дефиле по повод одбележувањето на јубилеите 75 години постоење на ЗФГ „Копачка“ и 20 години од донесувањето на Конвенцијата за заштита на нематеријално културно наследство на УНЕСКО.
Изјави за медиуми се предвидени за 13:00 часот пред новата сала во Спомен-домот АСНОМ.
Подготвено од М.Д.