08.12.2023 Скопје
Мекдоналдс најави глобална експанзија и нови ресторани во ретро стил наречени „CosMc’s“, кои би можеле да станат конкурент на познатиот синџир Старбакс.
Според деталите што ги објавија, рестораните треба да се фокусираат на топли и ладни специјални пијалоци, заземајќи го истиот пазарен удел како Старбакс. Првото отворање и „концептно тестирање“ беше најавено на крајот на неделата во населбата Болингбрук во близина на Чикаго, а имаат за цел да отворат вкупно десет локации до крајот на 2024 година во областа Тексас.
Болингбрук се наоѓа во близина на седиштето на Мекдоналдс и според менито, ресторанот ќе се фокусира на специјални пијалоци со додатоци како Churro Frappe или S’Mores Cold Brew кафе. Заедно со пијалоци, ќе послужат и некои познати јадења од Мекдоналдс како што се Мекмафини со јајца.
Името на новиот бренд доаѓа од маскотата „Мекдоналдленд“, вонземјанин кој копнее по нивната храна и се појавуваше во реклами кон крајот на 1980-тите и раните 1990-ти.
Нивниот нов потфат CosMc’s им нуди на клиентите шанса да креираат „вонземски“ креации на пијалоци, приспособувајќи ги нивните пијалоци со разни додатоци како што се сирупи со вкус или познати слатки.
Концептот е опишан како нов обид на синџирот за брза храна да се пробие на профитабилниот пазар на кафе, особено во САД каде повеќе од половина од земјата пие барем една шолја кафе дневно. Во далечната 2008 година, тие најавија носење баристи и машини за кафе во нивните американски ресторани, но идејата никогаш не зеде замав.
Мекдоналдс веќе има синџир на кафе и слатки задоволства наречени McCafe, кој го постигна најголемиот успех во Австралија. Крис Кемпчински, директор на Мекдоналдс, рече дека инвеститорите не треба да се возбудуваат премногу за CosMc, но тој верува дека идејата би можела да замине на глобално ниво.
„Развивањето идеи кои функционираат само на еден пазар не вреди нашето време“, додаде тој.
Истовремено, планирано е проширување на рестораните на Мекдоналдс со отворање на 10.000 нови локации низ светот до 2027 година, од кои најголем дел ќе бидат во Кина, која е втор по големина пазар на синџирот.
Подготвено од А.Ѓ.