manchester siti

23.12.2023 Скопје

Фудбалерите на Манчестер Сити за првпат во својата историја станаа светски клупски шампиони, откако вчеравечер во финалето на Светското клупско првенство го совладаа бразилскиот Флуминенсе со резултат 4:0.

Шампионите на Европа и Англија поведоа веќе во 40. секунда со голот на Аргентинецот Џулијан Алварез. Нино во 27. минута со автогол ја удвои предноста на „Граѓаните“.

На 3:0 зголеми Фил Фоден во 72. минута по асистенција на Алварез. Епитетот најдобар играч на натпреварот Аргентинецот го потврди со вториот гол на натпреварот, во 88. минута.

Ова беше последно Светско клупско првенство во ваков формат, следното ќе се игра во 2025 година во Соединетите Американски Држави, со учество на 32 клуба, од кои 12 ќе бидат од Европа.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author