26.12.2023 Скопје
Со цел едукација на учениците од основните училишта, за рециклирање на создадениот отпад, Макстил спроведе проект „Инвестираме во нашата планета“ се спроведе едукација на тема „Учиме да се грижиме да ја заштитиме животната средина и да го намалиме и рециклираме создадениот отпад“. Вкупно 870 ученици од 8 основни училишта од Општина Аеродром, од технолозите и инженерите од Макстил учеа за опасностите од создадениот отпад од пластика, хартија и стакло, и како да влијаеме на намалувањето на отпадот.
На младите ученици преку интерактивен метид им беше објаснет процес и повеќе различни методи на рециклирање, како и опасности по животот и здравјето на човекот, од создавање на отпад, кој е се поприсутен во нашето секојдневие.
Целта на проектот е да се пренесе знаењето за предностите од рециклирање уште од мала возраст и да се алармира за потребата од едукација за екологијата во пошироки размери.Досега со проектот се опфатени учениците од основните училишта во Општина Гази Баба и Општина Аеродром, а за почетокот на второто полугодие планирано е вклучување и на другите општини од Град Скопје.
Макстил како иницијатор на проектот „Инвестираме во нашата планета“ опфаќа повеќе активности, кои се поврзани со заштита на животната средина, меѓу кои и натпревар на кој учениците преку креативно и ликовно изразување, ги покажаа своите размислувања како треба да изгледа заштитата на животната средина.
Подготвено од М.Д.