МАКРОН: ЗАПАДОТ НЕ СМЕЕ ДА ДОЗВОЛИ ПОБЕДА НА РУСИЈА

22.12.2023 Скопје

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Западот не може да дозволи Русија да победи во Украина, потенцирајќи дека поддршката за Киев мора да продолжи.

Оваа изјава францускиот претседател ја даде за време на божиќната вечера со францускиот воен персонал, кој е стациониран во Јордан.

„Знаете каква е рамнотежата на силите, знаете што не можеме да дозволиме да се случи – не можеме да дозволиме Русија да победи“, истакна францускиот лидер пред француските офицери и војници во Јордан.

„Каков би бил утрешниот ден за Европа, во спротивно? Ние ќе продолжиме да и помагаме на Украина. Тоа што ние го правиме, иако има своја цена, е одлучувачко за нашата идна безбедност, за нашата улога во Европа и за суверенитетот на Украина“, додаде францускиот претседател.

Ситуацијата за Украина во моментов е особено деликатна, бидејќи и САД и ЕУ бавно ја деблокираат новата финансиска помош.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author