21.12.2023 Скопје
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека не ја исклучува можноста да го покани рускиот претседател на прославата на 80-годишнината од истоварувањето во Нормандија, доколку ситуацијата во Украина се промени.
„Само ако се одржат мировни преговори и ситуацијата со украинскиот претседател Володимир Зеленски се промени“, изјави Макрон.
Следната година се одбележуваат 80 години од истоварувањето на сојузниците во Нормандија, на северот на Франција.
Британските, канадските и француските трупи ги нападнаа германските сили на брегот на северна Франција на 6 јуни 1944 година.
Ова беше најголемата воена операција до тоа време во историјата и го означи почетокот на ослободувањето на северозападна Европа од нацистичката окупација.
Подготвено од А.Ѓ.