istoriski prasanja makedonija bugarija

15.12.2023 Скопје

Заедничката Комисија за историски и образовни прашања, составена од македонски и бугарски историчари, се уште расправа за отворени прашања за Македонската православна црква-Охридска архиепископија, Илинденското Востание и Гоце Делчев и се уште не е постигнато никакво усогласување.

За последен пат оваа мешовита комисија оствари средба во Софија кон крајот на октомври и не беше постигнат никаков напредок. За разлика од 2017 година, кога е и основана оваа заедничка комисија, кога меѓу другото беше усогласена препораката за заедничко празнување на Св.Кирил и Методиј, Св.Наум Охридски, и цар Самоил и беа дадени препораки за учебници по историја за петти клас во Бугарија и шесто одделение во Република Северна Македонија што се однесуваат во делот од античкиот период.

Оваа комисија од неодамна доби на помош и секретаријат кој е составен од асистенти и историчари се со цел да и помогнат на Комисијата во нејзината работа и по тој повод бугарското Министерство за надворешни рабити побара воздржаност од коментари и соопштенија поврзани со работата на оваа комисија.

Подготвено од М.Д.

About Author