https://www.freepik.com/free-photo/close-up-backpack-with-passport-glasses_13561136.htm#page=5&query=passports&position=0&from_view=search&track=sph

27.12.2023 Скопје

Во Република Северна Македонија, само половина од граѓаните успеале да извадат нови лични документи, со новото име на нашата држава.

Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија соопшти дека, заклучно со 25 декември оваа година, издало 1 милион 151 илјада и 628 пасоши, 993.966 лични карти и 525.225 возачки дозволи, од вкупно 1 милион 836 илјади граѓани.

Согласно Преспанскиот договор, заклучно со 13 февруари, сите граѓани мора да ги променат своите лични документи, со новото име на државата, и доколку тоа не го сторат, по овој датум сите тие документи ќе се сметаат за неважечки, без разлика на рокот на важност на документите,

Иако остаануваат само неполни 2 месеци за промена на документите, граѓаните се плашат дека сепак нема да успеат да ги сменат документите, поради немањето термини и големите гужви пред пунктовите каде што можат да ги заменат своите лични документи без закажан термин.

За граѓаните оваа обврска, согласно договорот од Преспа, ќе ги чини дополнителни финансиски средства од својот домашен буџет што ќе треба да го издвојат за оваа намена и тоа би било околу 180 евра по едно четиричлено семејство.

Сите оние граѓани кои нема да успеат да ги заменат своите лични документи до дадениот рок, нема да има никакви казни.

Подготвено од М.Д.

 

 

About Author