ЛОНДОН САНКЦИОНИРАШЕ СРПСКИ КОМПАНИИ

07.12.2023 Скопје

Обединетото Кралство воведе 46 нови санкции против правни лица за кои тврдат дека и помагаат на Русија да испорача воена опрема и оружје, а некои од санкционираните се во Србија.

Во појаснувањето на санкциите беше посочено дека тие вклучуваат компании во Белорусија, Кина, Србија, Турција, Обединетите Арапски Емирати и Узбекистан, кои, како што истакнува, ја поддржуваат илегалната инвазија на Русија на Украина.

Меѓу санкционираните компании, беше нагласено, има и правни лица поврзани со групацијата Вагнер, како и компании кои ангажираат нерегистрирани танкери кои и служат на Русија за да ги избегнат санкциите поврзани со руската нафта и гас.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author