aleksandar gjorchevski

05.12.2023 Скопје

Кривичниот суд му одреди притвор до 48 часа на таткото на убиеното 14-годишно девојче Вања Ѓорчевска „за да не побегне и да не се меша во истрагата“.

Александар Ѓорчевски вчеравечер беше изведен во Кривичниот суд, откако претходно беше сослушан во Обвинителството, каде ја негираше вината.

Мотивот за киднапирањето и убиството на девојчето се наводно парите што мајката на Вања ги добила од продажбата на станот.

Вања потоа била однесена во селото Бразда, каде што била убиена само два часа по киднапирањето. Засега нема детали зошто Вања е убиена истиот ден кога била киднапирана.

Според властите, таа била убиена на брутален начин така што ја врзале и пукале со пиштол, а потоа ја закопале.

Кога станува збор за убиството на 76-годишниот велешанец Панче, Обвинителството тврди дека тој е „колатерална жртва“.

Подготвено од М.Д.

About Author