https://www.facebook.com/photo.php?fbid=531327158996704&set=pb.100063582736486.-2207520000.&type=3

12.12.2023 Скопје

На отворањето на конференцијата „Транспарентност и отчетност – Совршен пар за враќање на довербата во институциите“, која денес се одржа во хотел „Лимак“ во Скопје, се обрати премиерот Димитар Ковачевски.

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека како премиер и како личност е човек кој сака бројки и факти, затоа што бројките и фактите не лажат и не се подложни на интерпретација и на различни толкувања.

„Факт е дека од 2017 година па наваму, Владата е отворена и транспарентна и тоа го докажуваат бројките кои произлегуваат од годишни, методолошки издржани и споредливи мерења“, истакна Ковачевски.

Според Центарот за граѓански комуникации, кој го мери Индексот на активна транспарентност, бројките за Владата покажуваат дека во 2016 година имало 25% транспарентност, која започнува да расте и во последниве 2 години достигнува и задржува 100% транспарентност.

Додека пак, според регионалното мерење на ActionSEE, која го мери индексот на отвореност на 6 земји во регионот врз основа на голем број на индикатори, бројките ја позиционираат македонската Влада како најдобро рангирана во однос на 107 институции кои ги мерат во Република Северна Македонија и тоа со високи 77,68%.

„Секоја институција има некој кој ја раководи и вработени лица во истата со свои задолженија, обврски и одговорности. Така можеме да разговараме за Министерството за одбрана кое според Индексот има постигнато 100% неколку години по ред. Секако дека има и некои министерства кои се уште го немаат постигнато нивото на владата од 100%“, додаде премиерот Ковачевски.

Вкупната активна транспарентност на институциите во 2023 година е 76%, во 2021 година била 63%, за разлика од 2016 година кога била 45%.

„Граѓаните воглавно ја градат довербата врз основа на перцепција и лични искуства, а ретко врз основа на факти и научни мерења. Иако фактички транспарентноста и отчетноста можат да бидат ниски, и за тоа клучна улога играат фактори“, нагласи Ковачевски.

Подготвено од М.Д.

About Author