29.12.2023 Скопје
Премиерот Димитар Ковачевски очекува Република Северна Македонија да стане полноправна членка на Европската унија најдоцна до 2030 година.
„Не само што е можно Република Северна Македонија да продолжи со евроинтеграциите, туку тоа ќе се случи многу брзо со проевропско мнозинство во парламентот, што ќе го исполни условот од преговарачката рамка“, рече премиерот на седницата за пратенички прашања.
Премиерот Ковачевски истакна дека граѓаните на Република Северна Македониј се определени за полноправно членство во ЕУ и дури 80% од населението се оптимисти по ова прашање.
„Ниту еден неодговорен политичар, ниту една радикална популистичка десна-левичарска проруска коалиција нема да застане на патот на понатамошниот демократски развој, економски развој, стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави и партнерство со земјите-членки на НАТО и на Европската унија, кои се наши природни партнери. Одиме напред и ќе бидеме таму“, рече премиерот.
Тој додаде дека штом се изгласаат амандманите ќе почнат преговорите за поглавјата со ЕУ.
Подготвено од М.Д.