27.12.2023 Скопје
Нападите на трговските бродови во Црвеното Море, особено во и околу теснецот Баб ел Мандеб, имаат огромен потенцијал да се претворат во голема светска криза, многу поголема од кризата во Појасот Газа, па дури и поголема од војната во Украина. Доколку вака продолжи економските штети за Европа ќе бидат огромни, а се очекува и доцнење на стоката, но и поскапување на производите.
Имено, доколку се остварат заканите на јеменските бунтовници Ансар Алах (чие мнозинство се припадници на племето Хути) за масовни напади со противбродски ракети и беспилотни летала камикази врз трговските бродови, економската штета за Европа ќе биде преголема.
Ваквите напади ќе доведат до целосен прекин на протокот на бродови низ Баб ел Мандеб и источниот дел на Црвеното Море.
Перо Ќориќ, претседател на Стопанската комора на Република Српска, истакна дека доколку се соопшти вистината ќе има одредени проблеми за бизнисмените, но сето тоа ќе има одредени економски последици.
„А тоа најдобро го покажува примерот кога кинески брод се насука во Суецкиот канал пред неколку години и кога тоа го почувствува економијата на сите земји, бидејќи низ тие коридори поминуваат големи количини стоки“, рече Ќориќ.
Според него, превозот со бродови трае два или три месеци, а доколку има доцнење на превозот од седум или повеќе дена, тоа веќе би се почувствувало и би се прекинале синџирите на континуитет во производството, континуитет во испораките.
Подготвено од А.Ѓ.