ELN

18.12.2023 Скопје

Како резултат од петтата рунда мировни преговори, што почнаа на 4 декември во Мексико Сити, герилците на Ослободителната национална армија денеска се договорија со Владата на Колумбија да ги запрат киднапирањата за откуп.

Според договорот, герилците на Ослободителната национална армија, „како дел од продолжувањето на примирјето, ќе ги запре киднапирањата за економски цели“ во Колумбија.

Вера Грабе, која ја предводи владината делегација, истакна дека ова е важно за мирот во Колумбија.

Тој договор ја поставува основата за натамошно продолжување на примирјето, кое во моментов е предвидено да трае до 29 јануари.

Шефот на делегацијата на ЕЛН, Пабло Белтран, изјави дека продолжувањето до февруари е одржливо.

Оваа петта рунда преговори за ставање крај на шестдеценискиот конфликт започна во услови на најтешката криза за преговарачкиот процес, создадена со киднапирањето од страна на ЕЛН на таткото на фудбалерот Луис Дијаз.

Луис Мануел Дијаз, таткото на напаѓачот на Ливерпул, беше ослободен на 9 ноември по 12 дена во заробеништво.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author