evrovizija

06.12.2023 Скопје

37 јавни радиодифузери ќе учествуваат на 68. Избор за песна на Евровизија, што ќе се одржи во мај следната година во Малме, Шведска, соопшти ЕБУ (Европска радиодифузна унија).

Како што е најавено, настанот ќе се одржи на 7, 9 и 11 мај 2024 година во Малме Арена.

Во двете полуфиналиња ќе бидат претставени 31 земја, а десетте најдобри од двете вечери во големото финале ќе се сретнат со постојаната петорка – Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија, како и домаќинот Шведска.

Изборот за песна на Евровизија во Шведска го „врати“ Лорин, која триумфираше во Ливерпул со песната „Тетоважа“ и со тоа на својата земја и донесе рекордна седма победа на музичкиот натпревар.

На Изборот за песна на Евровизија 2024 година во Малме ќе учествуваат: Албанија (RTSH), Ерменија (AMPTV), Австралија (SBS)*, Австрија (ORF), Азербејџан (ТВ Ictimai), Белгија (RTBF), Хрватска (HRT), Кипар (CiBC), Чешка (CТ), Данска (DR), Естонија (ERR), Финска (ILE), Франција (FT), Германија (ARD/NDR), Грузија (GBP), Грција (ERT), Исланд (RUV), Ирска (RTE), Израел (KAN), Италија (RAI), Латвија (LTV), Литванија (LRT), Луксембург (RTL), Малта (PBS), Молдавија (TRM), Холандија (AVROTROS), Норвешка (NRK), Полска (TVP), Португалија (RTP), Сан Марино (RTV), Србија (RTS), Словенија (RTVSLO), Шпанија (RTVE), Шведска (SVT), Швајцарија (SRG SSR), Украина (Suspilne Ukrajina), Обединетото Кралство (BBC).

Подготвено од А.Ѓ.

About Author