kenija

12.12.2023 Скопје

Претседателот на Кенија, Вилијам Руто, соопшти дека посетителите на Кенија од целиот свет повеќе нема да бараат виза од јануари, потенцирајќи дека неговата влада развила дигитална платформа за да се осигура дека сите посетители однапред ќе добијат електронско овластување за патување, наместо да треба да аплицираат за виза.

Во своето обраќање во главниот град Најроби на настанот по повод одбележувањето на 60 години независност од Британија, претседателот Руто истакна дека повеќе нема да биде неопходно ниту едно лице од кој било агол на светот да се сноси со товарот за аплицирање за виза за да отиде во Кенија.

Руто долго време се залагаше за безвизно патување на африканскиот континент.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author