06.12.2023 Скопје

Иран соопшти дека во вселената имаат лансирано капсула чии патници се животни, со цел да се подготви да испрати астронаути во наредните години.

Министерот за телекомуникации Иса Зарепур изјави дека капсулата била лансирана со помош на ракета-носач Салман од иранско производство на надморска височина од 130 километри во орбитата.

Капсулата тежи околу 500 килограми.

Најавата следи 10 години откако Иран објави дека има испратено два мајмуни во вселената и безбедно ги има вратено назад.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *