22.12.2023 Скопје
Ако некогаш сте се запрашале што се случува во мозокот кога учите нов јазик, одговорот е дека одредени области на мозокот ја подобруваат нивната функционалност и големина.
Тука се издвојува зоната на Брока, која обично се наоѓа на левата церебрална хемисфера и е вклучена во производството на јазикот.
Кај двојазичните деца, двата јазика се обработуваат во иста област или мозочна зона. Меѓутоа, кога возрасните учат нов јазик, се развива посебна зона блиску до првата.
Некои возрасни учат побрзо, па една студија покажала разлики во областите на мозокот што се промениле. Имено, хипокампусот и зоната на Брока најмногу се промениле кај луѓето кои учат побрзо, а моторниот кортекс кај луѓето кои побавно учат нови јазици.
Некои ефекти зависат и од мајчиниот јазик на лицето.
На пример, Јапонците не можат лесно да ги разликуваат звуците „Р“ и „Л“ кога учат англиски, бидејќи во нивниот мозок и двата звуци ја активираат истата област на мозокот. Меѓутоа, кај мајчин англиски јазик, овие два звуци активираат две различни области на мозокот.
Генерално, учењето нов јазик ја подобрува функцијата на мозокот, обезбедувајќи подобра меморија, поголема ментална флексибилност и креативност, па дури и може да го одложи почетокот на деменција.
Подготвено од А.Ѓ.