juzhna koreja

28.12.2023 Скопје

Јужна Кореја воведе санкции за осум севернокорејски државјани кои се поврзани со развојот на нуклеарната и ракетната програма на Пјонгјанг преку трговија со оружје, сајбер напади и други незаконски активности, соопшти Министерството за надворешни работи во Сеул.

Санкциите дојдоа неколку дена откако Северна Кореја истрела нова интерконтинентална балистичка ракета (ICBM), која Јужна Кореја и САД остро ја осудија како кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Јужна Кореја ставила на црната листа 83 лица и 53 ентитети поврзани со севернокорејските програми за оружје од октомври 2022 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author